во ,

Трамп ги затвори вратите за 19 земји: Стопирани сите зелени карти и визи поради национална безбедност!

Трамп спушти рампа: Суспендирана имиграцијата од 19 неевропски земји поради национална безбедност и масовни измами

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за итно паузирање на сите апликации за имиграција, вклучително и обработката на зелени карти и барања за државјанство, кои доаѓаат од 19 неевропски земји. Овој потег следи по серијата остри коментари на Трамп упатени кон Сомалија и сомалиските мигранти, поврзани со голем скандал во Минесота. Според наводите, таму биле исплатени над милијарда долари на непостоечки социјални служби преку лажни сметки поврзани со лица од Сомалија.

„Црната листа“ и нападот во Вашингтон како повод

Супер Попуст -25%

Официјалниот меморандум за оваа одлука се повикува на националната безбедност, директно посочувајќи го неодамнешниот напад врз Националната гарда во Вашингтон, извршен од авганистански државјанин, во кој еден војник загина, а друг беше ранет. На листата на земји чии граѓани ќе подлежат на „темелен преглед“ и можни повторни интервјуа се: Авганистан, Бурма, Чад, Конго, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Јемен, Венецуела, Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того и Туркменистан. Трамп најави дека приоритет е строгото спроведување на законите и засилување на депортациите.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Вака изгледаат 60 години“: Паулина Порижкова го соблече мантилот и позираше во долна облека

Муцунски во Брисел: НАТО крои стратегија за Украина и одговор на „малигните влијанија“