
Министерот Муцунски на маса со НАТО сојузниците во Брисел: Колективната одбрана и поддршката за Украина во фокусот
На покана на Генералниот секретар Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на клучниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. Оваа средба е стратешка можност за размена на ставови околу имплементацијата на одлуките од Самитот во Хаг, кои се од суштинско значење за иднината на Алијансата. Во центарот на вниманието ќе биде напредокот во зајакнувањето на индивидуалните одбранбени капацитети, со цел да се гарантира ефективна колективна безбедност во време на зголемени геополитички тензии.
Одговор на „малигните влијанија“ и средба со врвот на САД
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Министрите ќе дискутираат за заедничките напори за континуирана поддршка на Украина, како и за стратегиите за справување со дестабилизирачките активности на „малигните актери“ кои се обидуваат да ја нарушат глобалната безбедносна архитектура. На маргините на самитот, Муцунски ќе има густа агенда на билатерални средби, меѓу кои се издвојува средбата со шефот на американската делегација, заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Дополнително, од особено значење за Македонија е најавеното учество на тематски состанок посветен на развојот и безбедноста на Коридорот 8.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








