во ,

ВИДЕО: Тажен старт на 2026 – Изгоре симболот на Амстердам, кулата се сруши пред очите на жителите

Драматично видео од Амстердам: Огнената стихија ја проголта историската Вонделкерк, кулата се сруши

Амстердам влезе во 2026 година со културна трагедија. Веднаш по полноќ, огромен пожар ја зафати 154-годишната црква Вонделкерк, лоцирана до познатиот Вонделпарк. Снимките кои се шират на социјалните мрежи го прикажуваат морничавиот момент кога кулата на црквата попушта под јачината на пламенот и се урива. Поради густиот чад и опасноста, десетици домови во околината беа итно евакуирани.

„Не може да се спаси“: Изгубен е симбол на градот

Супер Попуст -25%

Пожарникарите биле немоќни пред силниот ветар кој го ширел огнот низ старата дрвена конструкција. Портпаролот на службата за итни случаи со жалење потврди: „Црквата не може да се спаси. Ова е ужасен и драматичен почеток на новата година“. Градоначалничката Фемке Халсема изрази шок од монументалната загуба, нагласувајќи дека приоритет е безбедноста на жителите во овој густо населен кварт, во близина на музејот Ван Гог.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АМСМ рапорт: Каде се вози најлесно, а каде демнат одрони?

Масовен напад: Руската ПВО пресретна 64 украински дронови над 10 региони