во ,

Владата ќе се задолжи нова милијарда евра за изградба на патишта

Премиерот Христијан Мицкоски најави големо задолжување на државата во износ од до 1 милијарда евра, наменето за изградба на патна инфраструктура. Најавата предизвика реакции во јавноста, особено откако не беше прецизирано од каде точно ќе се обезбеди тој капитал.

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, вечерва во емисијата „Бизнис21“ потврди дека идејата е иницирана од премиерот и неговиот тим. „Се работи за финансирање на локални, регионални и експресни патишта. Износот може да се движи од 500 милиони до 1 милијарда евра“, изјави Јанкуловски.

Сепак, тој не откри од каде ќе дојдат средствата, додавајќи дека „тоа ќе го соопшти премиерот, бидејќи станува збор за дел од поголем инвестициски пакет од 5 до 6 милијарди евра кој ќе се реализира во наредните неколку години“.

Овој проект е најавен како дел од поширока стратегија за развој на инфраструктурата, но засега останува нејасно кои ќе бидат изворите на финансирање и условите под кои ќе се обезбеди кредитот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Штипски овчари одбиваат плата од 2.000 евра – „Работата е премногу тешка“

Историски договор: САД добиваат пристап до ресурси во Украина