во

ВМРО-ДПМНЕ БЕЗ ВЛАКНО НА ЈАЗИКОТ: Правосудството е бастион на СДС и ДУИ кој ги штити Заев и Филипче!

Македонското правосудство е киднапирано и претворено во заштитен бастион за функционерите на СДС и ДУИ. Стопирани истраги, укинати пресуди за најголемите трагедии и спас за Зоран Заев и Венко Филипче се само дел од најновите жестоки обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ.

Трагедии без виновници и милионски криминал под тепих

Владејачката партија обвинува дека остатоците на СДС и ДУИ во правосудните органи прават сè за да ги спасат своите луѓе од кривична одговорност. Според ВМРО-ДПМНЕ, системот плански укинува пресуди, стопира истраги и враќа предмети на повторување, исклучиво во зависност од тоа кој лик треба да се гони или спаси.

„За автобуската несреќа на Дурмо Турс кај Ласкарци со 16 жртви, пресудата е укината. За 14 жртви кои живи изгореа во модуларната болница во Тетово, затворена е истрагата и обвинение за Венко Филипче нема. Тука е и запрената истрага за случајот Мазут, тежок 167 милиони евра.“

Супер Попуст -25%

Од партијата потенцираат дека овие одлуки не се никаква случајност, туку директен резултат на мрежата воспоставена од претходната власт. Судиите и обвинителите останаа последното упориште за одбрана на криминалниот систем кој се создаваше со години, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиски инсталации со 2% доверба

Во соопштението директно се посочуваат имињата на Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани како дел од „малкумината остатоци бирани во партиските штабови во Зајас и Струмица“ кои грчевито ги штитат поранешните функционери.

Од Ласкарци, преку модуларната болница, па сè до случајот „Мазут“, истата мрежа ги штити истите политички структури. Токму поради ваквиот систем на неказнивост, граѓаните денес имаат историски најниски 2% доверба во правосудството. Владејачката партија испрати и јасна порака дека времето на недопирливите завршува и дека секој ќе мора да одговара според сопственото дело пред лицето на правдата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Среќата не им се случува случајно: 5 навики поради кои успешните луѓе почесто ги препознаваат големите можности

ДРАСТИЧНО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: СДСМ бара укинување на акцизата и ДДВ од само 5%!