во

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Барбов, Филипче и Заев фатени во лаги за случајот со Ива Михајлова

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања кон д-р Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев, тврдејќи дека тие дополнително се заплеткуваат во лаги обидувајќи се да се дистанцираат од случајот со лекувањето на Ива Михајлова.

Спорно конзилијарно мислење од невролог

Во партиското соопштение се истакнува дека обидите на докторот Барбов да се претстави како неинформиран за околностите на случајот отвораат сериозни дилеми за оправданоста на преземените медицински чекори. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како е можно невролог да дава мислење за хируршки интервенции, особено ако пациентката претходно не била упатена на лекарски конзилиум и не поднела барање за такво мислење.

  • „Јавната изјава на Барбов дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување, е повеќе од трагикомична“, порачуваат од партијата.
  • Се поставува прашањето зошто пациентка по претрпена траума не била упатена на соодветен преглед кај неврохирург или трауматолог.
Супер Попуст -25%

 

Услуга за Румен Радев и кршење на процедурите?

ВМРО-ДПМНЕ изразува сомнеж дека брзото затворање на случајот и испраќањето на Михајлова на лекување во Бугарија е всушност политичка услуга кон бугарскиот претседател Румен Радев. Иако постои билатерална соработка меѓу двете држави во областа на здравственото осигурување, од опозицијата нагласуваат дека тоа не дозволува произволно постапување надвор од јасно пропишаните медицински правила.

„А, со ваквата препорака за лекување на Михаилова во Бугарија, Барбов, Филипче и Заев дополнително ги поминале своите ингеренции. Ова трио целосно се соголи… наместо со изјави да се вадат од случајот, тие треба да дадат одговори за постапките, улогите и за одлуките што биле донесени“, се заклучува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп без ракавици за Зеленски: „Потешко е да се работи со него отколку со Путин, не е добар тип“

Средба Гаши – Ван Кампен во Рим: Заложба за посилна парламентарна соработка со Холандија