во

Средба Гаши – Ван Кампен во Рим: Заложба за посилна парламентарна соработка со Холандија

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен, на маргините на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа во Рим.

Поддршка за реформскиот процес и евроинтеграциите

Гаши ја искористи средбата за да изрази голема благодарност за бројните холандски проекти кои континуирано придонесуваат за демократскиот развој и спроведувањето на клучните реформи во Северна Македонија. Од своја страна, претседателот Ван Кампен потсети на неговото искуство од претходниот мандат како известител во Комисијата за европски прашања, каде фокус биле токму европските перспективи на Западен Балкан.

Супер Попуст -25%

Во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот пат на државата, како и потенцијалните предизвици доколку дојде до натамошно одложување на процесот на проширување. Двајцата соговорници ги оценија Планот за раст и Реформската агенда како исклучително позитивни чекори за приближување на државата кон стандардите на Европската Унија.

Продлабочување на парламентарната соработка

Соговорниците се согласија дека постои голем простор за унапредување на билатералните односи меѓу двата законодавни дома. Иако во холандскиот Парламент не постои формална група за пријателство каква што функционира во македонското Собрание, договорено е соработката да се одвива на ниво на пратеници и парламентарни служби.

На средбата беше силно потврдена стратешката важност на евроинтеграциите и трансформативниот ефект што би го имало отворањето на пристапните преговори врз целото општество. Двајцата претседатели се заложија за натамошно унапредување на соработката преку реализација на посети на највисоко ниво во претстојниот период.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Барбов, Филипче и Заев фатени во лаги за случајот со Ива Михајлова

Неверојатен пропуст во Данска: Со лозинката „123456“ хакирани личните податоци на 8,8 милиони луѓе