
Спорните ставови за Гоце Делчев
Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се потсетува на настаните од пролетва, кога Рубин Земон, тогашен член на Извршниот одбор на СДСМ, излезе во јавноста со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и дека не е важен за македонскиот идентитет. Овие ставови тогаш предизвикаа бурни реакции и критики кон него и кон раководството на партијата.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
По притисокот од јавноста, Земон тогаш изјави дека се повлекува од Извршниот одбор (ИО) на партијата за да не ѝ нанесе дополнителна политичка штета на СДСМ.
Присуство на Централниот одбор и обвинувања за лажење
Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека повлекувањето било само формално, бидејќи Земон бил присутен на последната седница на Централниот одбор на СДСМ која се одржа во четвртокот вечерта.
„Очигледно сè што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне“, се заклучува во партиското соопштение на владејачката партија.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден







