
Прашања за потеклото на капиталот и врските со Пендаровски
Според наводите од владејачката партија, во скопската населба Влае се гради објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и близок соработник на Пендаровски, Еролд Муслиу. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали пријавените семејни приходи соодветствуваат со обемот на инвестицијата и дали постојат финансиски релации меѓу поранешниот шеф на државата и Муслиу.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Дополнително, од партијата потсетуваат и на случајот од 2024 година, кога, според нивните тврдења, сопругата на Муслиу преку конзорциум на невладини организации добила државен грант од 620.000 евра од тогашната влада на СДСМ, барајќи институциите детално да ја проверат законитоста на постапката.
Барања за одговорност и обвинувања за луксузирање
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека соопштенијата и рекациите на опозицијата претставуваат обид за дефокусирање од вистинските теми, нагласувајќи дека јавноста очекува транспарентни одговори за изворите на финансирање на градежните проекти.
Партиската реакција завршува со остри обвинувања кон врхушката на СДСМ, тврдејќи дека додека функционерите и блиските бизнис-кругови градат империја преку луксузни недвижности, акции и фотоволтаици, потребно е конечно да се стави крај на привилегиите и молкот.
„Пендаровски и Еролд Муслиу мора јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на објектот во Влае, од каде се средствата и дали постојат деловни релации меѓу нив. Бараме од надлежните институции да ги проверат сите финансиски и имотни податоци и евентуалниот судир на интереси“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


