
На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал 60-годишен возач од Македонија, Ислами Месут, кој живеел во Луго.
Во директниот судар на два камиони повреден е и другиот возач. Несреќата се случила кога двата камиони се движеле во спротивни насоки – едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот.
Повеќе од само судар – „Камионите згмечени до непрепознавање“
Супер Попуст -25%
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Репортерите од местото на настанот јавуваат дека сударот бил страшен, а едниот камион бил „згмечен до непрепознавање“. Повредениот возач бил префрлен со хеликоптер во медицинскиот центар во Равена. Сообраќајот во областа бил во прекин подолго време додека не се отстраниле тешките камиони.


