
Денешни температури и состојба низ земјата
Според прогнозата, денеска ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските минимални температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 8 до 15 степени.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Во главниот град, Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Живаната во термометрите во Скопје ќе се спушти до минимални 8 степени, а дневната температура се очекува да се искачи до 14 степени.
Какво време нè очекува за викендот и наредната седмица?
Синоптичарите најавуваат стабилизација на времето во текот на наредните денови, па сè до недела ќе се задржи стабилно време со повеќе сончеви периоди. Сепак, најавено е заладување во утринските часови, при што за време на викендот минималните температури наместа ќе се спуштат и под нулата.
По одделни котлини се очекува и појава на утринска магла. Нова промена на времето и услови за слаб локален дожд се очекуваат дури на почетокот од следната седмица.
„До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла“, информираат од УХМР.


