
Втора иранска балистичка ракета соборена над Турција, НАТО повторно реагираше
Турција соопшти дека втора балистичка ракета испукана од Иран била соборена во нејзиниот воздушен простор во рок од една недела, што дополнително ја засили загриженоста дека конфликтот на Блискиот Исток може да се прелее и врз земји членки на НАТО. Според турските власти, ракетата била пресретната од системите за воздушна одбрана на Алијансата распоредени во источниот Медитеран.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден

Турското Министерство за одбрана соопшти дека фрагменти од ракетата паднале на празни полиња во Газиантеп, во југоисточниот дел на земјата, а засега нема извештаи за жртви или поголема материјална штета. Анкара порача дека против секоја закана насочена кон нејзината територија и воздушен простор ќе бидат преземени сите потребни чекори „решително и без двоумење“.
Втор ваков инцидент за неколку дена
Ова е втор ваков инцидент во последната недела. Првиот беше пријавен на 4 март, кога НАТО пресретна и уништи иранска балистичка ракета што влезе во турскиот воздушен простор, по што Алијансата го засили противракетниот штит.
И покрај двата инцидента, генералниот секретар на НАТО Марк Руте претходно јасно кажа дека активирање на Член 5 засега не е на маса, што покажува дека Алијансата сака да ја заштити Турција, но без директно влегување во поширока воена конфронтација со Иран.
Турција под двоен притисок
Случајот доаѓа во момент кога Турција веќе отворено предупредува дека стравува од поширока регионална војна, а во исто време презема и дополнителни безбедносни мерки во регионот, вклучително и распоредување на воени капацитети во северен Кипар. Анкара засега се обидува да балансира меѓу дипломатска активност и засилена одбрана.
Со второто пресретнување, пораката од Турција е јасна: секое ново пробивање на нејзиниот воздушен простор ќе се третира како сериозна закана, а ризикот кризата дополнително да се рашири станува сè поочигледен.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден








