во

Голема полициска акција: Разбиена криминална група за шверц на лекови, меѓу уапсените и цариник!

Над 100.000 евра во готовина, 16 плочки со златна боја, нелегални цигари и огромен арсенал на медикаменти се запленети во голема полициска акција насочена кон разбивање на осумчлена криминална група инволвирана во криумчарење и корупција.

Претреси во три града и апсење на цариник

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по подолга истрага се извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија. Лишени од слобода се вкупно шест лица, од кои двајца се државјани на Република Турција, а меѓу уапсените е и еден царински службеник. Двајца осомничени од осумчлената група сè уште се недостапни за органите на прогонот.

Супер Попуст -25%

Според истрагата, токму царинскиот службеник им овозможувал на членовите на групата непречено пренесување на акцизна стока и лекови преку границата, без пријавување и плаќање на законските давачки. Уште во јануари, при претрес во домот на првоосомничениот, биле пронајдени голема сума пари, златни плочки и клучни дигитални докази во неговиот мобилен телефон.

Шверц со опасни лекови и суплементи

Она што особено загрижува е нелегалниот увоз на огромни количини лекови наменети за продажба, од кои дел претставувале сериозна опасност за здравјето на граѓаните.

„Првоосомничениот и третоосомничениот се товарат дека неовластено увезувале, складирале и нуделе продажба на лекови. Пронајдени се препарати за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања, психијатриски состојби, како и антибиотици, кортикостероиди, инсулини и производи за подобрување на потенцијата“, соопштија од ОЈО ГОКК.

Осомничените сега се соочуваат со најмалку седум кривични дела, вклучувајќи давање поткуп, неплаќање акциза и пуштање во промет штетни средства за лекување. Јавниот обвинител побара мерка притвор за тројца од осомничените, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дипломатска офанзива во САД: Мицкоски и Сали на отворањето на 81. сесија на Генералното собрание на ОН

Мицкоски од Њујорк: Наместо промена на институциите, некои земји во ЕУ бараат промена на нашиот идентитет