во ,

Голема трагедија во Шпанија: Бројот на жртвите се искачи на 13

Бројот на жртвите во разорниот шумски пожар во јужна Шпанија се искачи на 13, откако во болница почина 93-годишна британска државјанка.

Жената им подлегнала на повредите што ги добила кога огнената стихија ја зафати покраината Алмерија. Таа била хоспитализирана минатиот петок со тешки изгореници, потврдија претставници на регионалните власти во Андалузија.

Супер Попуст -25%

Според објавените информации, изгорениците зафатиле околу 20 проценти од нејзиното тело, а жената имала и претходни здравствени проблеми. Таа била една од осумте лица примени во болница по избувнувањето на пожарот, при што четворица пациенти биле во тешка состојба.

Повеќе од 7.000 хектари проголтани од огнот

Пожарот избувнал во четврток во близина на областа Лос Гаљардос и за кратко време зафатил повеќе од 7.000 хектари вегетација. Огнот се ширел кон околните населени места и планинските предели, поради што биле наредени масовни евакуации.

Шефот на регионалните служби за итни случаи, Антонио Санц, изрази сочувство до семејството на починатата Британка, како и до семејствата на останатите жртви.

Десет лица сè уште се водат како исчезнати

Шпанските власти сè уште не го објавиле официјалниот идентитет на сите загинати. Форензичката служба регистрирала уште две пријави за исчезнати лица, со што нивниот вкупен број се искачил на десет.

Во потрагата и идентификацијата се вклучени и надлежните институции од Велика Британија, Франција и Белгија. Соработката им овозможува на семејствата што живеат во странство да ги пријават своите најблиски и да достават примероци од ДНК во матичните земји.

Властите предупредуваат дека бројот на пријави може дополнително да се зголеми, а не се исклучува можноста дел од исчезнатите да се наоѓаат меѓу загинатите. Се верува дека повеќето жртви се британски и белгиски државјани.

Семејство на жртва тврди дека немало предупредување

Меѓу досега познатите жртви е белгискиот бизнисмен Станислас Вердонкт, кој починал додека пожарот се приближувал кон планинското село Бедар.

Неговиот син, Томас-Волф Вердонкт, ги оспори тврдењата дека жртвите не ги почитувале препораките на службите и дека одбиле да се засолнат.

Тој изјави дека неговиот татко не бил известен дека пожарот се движи кон него, ниту добил предупредување дека би било побезбедно да остане во својот дом.

Пожарот ставен под контрола, жителите се враќаат

Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуанма Морено, во неделата околу пладне соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека неговото понатамошно ширење е запрено.

На повеќе од 1.000 евакуирани жители од селата северно од Лос Гаљардос им било дозволено да се вратат во своите домови во неделата попладне, додека потрагата по исчезнатите и идентификацијата на жртвите продолжуваат.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Ако умреме, ќе умреме заедно“: Сопругата го држела за нозете додека го влечела декомпресијата

Македонија денеска на 36 степени: Од среда пристигнуваат дожд и грмежи