во ,

Господине Порше, заради вашите заслуги во креирањето на познатиот автомобил како и придонесот во…

По смртта, пронаоѓачот на познатите автомобили – Фердинанд Порше стигнал во рајот. Таму го дочекал Свети Петар со зборовите:

„Господине Порше, заради вашите заслуги во креирањето на познатиот автомобил како и придонесот во автомобилската индустрија, можете да посакате што сакате и јас ќе ви го исполнам истото“.

Реклама

Порше малку се замислил па рекол: „Дозволете ми малку да поразговарам со Бога“. Свети Петар се согласил и го одвел во божјите простории.

Порше го запрашал Бога: „Драги Боже, да ве прашам нешто за вашата креација „жена“…со што сте биле зафатени додека сте ја создавале?!„

„Како тоа мислиш?“ – запрашал Бог.

Порше: „Знаете, вашата креација е полна со грешки. Погледнете ги моите забелешки:

– Предната страна не е аеродинамична

– Прави премногу бука

– Одржувањето е прескапо

– Пет до шест дена во месецот е потполно неупотреблива

– Задната страна и виси премногу

– Константно мора да се префарбува и доработува

– Предните лампи се премали

– Потрошувачката за гориво е преголема“

Бог се замислил на сето ова, па му рекол: „Господине Порше, можеби ова што го велите е вистина, но, статистички гледано, многу повеќе мажи го возат мојот изум од вашиот!“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 Непријатни ситуации кои не расположија денес

5 Урнебесни кумановски вицови кои ќе ве насмеат до солзи