во ,

Грешката што сите ја правиме: Зошто џемперот ви се растегнува? (Не е до перењето!)

Сега, кога е доцна есен и зимата е на прагот, конечно почна сезоната на џемпери. Но, како да ги одржите во совршена состојба?

Одговорот не е само во перењето, туку во правилното складирање. Најголемата грешка што сите ја правиме е користењето закачалки. Ова е сигурен начин џемперите да соберат прашина, а влакната на рамениците да се растегнат и деформираат. Наместо тоа, уредно превиткајте ги и чувајте ги во фиока за максимална заштита.

Дајте им простор да дишат

Супер Попуст -25%

Не ги пикајте во херметички затворени ќеси под креветот, бидејќи остатоците од дезодоранс или непријатни мириси можат да предизвикаат таложење на нечистотија и оштетување на влакната. Складирајте ги во пластични или платнени кутии и слободно додадете струготини од кедар или лаванда за да ги заштитите од инсекти и да мирисаат убаво.

Поретко перење = подолг век

Апсолутно најдобро е рачното перење со најладната можна вода. Ако морате во машина, користете програма за „рачно“ или „делекатно“. Експертите советуваат да не претерувате: памучните и кашмирските џемпери перете ги по 3-4 носења, а волнените и синтетичките можат да издржат и по 5 носења пред перење.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хорор во соседството: Брат (19) пет години ја силувал сестричката (12) додека родителите не биле дома

КОМПЛЕТНИОТ МИРОВЕН ПЛАН ОТКРИЕН: Европа ја избриша забраната за НАТО, еве што ѝ се нуди на Украина!