
Европскиот мировен план за Украина, кој дојде како одговор на планот на Доналд Трамп, е објавен во целост. Најзначајната промена е што точката 3, која гарантираше дека Украина нема да влезе во НАТО, е целосно избришана.
Овој план нуди различни безбедносни и економски решенија. Според предлогот, Киев нема да биде должен да ѝ ги предаде на Русија териториите што сè уште ги контролира, а нема да има ниту фактичко признавање на териториите што ги окупира Русија.
Клучни точки:
- Војска: Украинската армија ќе биде ограничена на 800.000 војници во мирнодопско време (наместо 600.000 од планот на Трамп).
- Територии: Украина се обврзува дека нема да ги враќа окупираните територии со воени средства. Преговорите ќе почнат од линијата на контактот.
- Замрзнати средства: Руските државни средства ќе останат замрзнати додека Русија не плати отштета за воената штета.
- НАТО: Пристапувањето на Украина во НАТО зависи од консензус, но не е експлицитно забрането. Борбени авиони на НАТО ќе бидат стационирани во Полска.
- Економија: Русија ќе биде постепено реинтегрирана во глобалната економија (враќање во Г8), додека Украина добива голем пакет за обнова.
- Енергетика: Нуклеарката Запорожје ќе работи 50-50 за двете земји.
- Гарант: Доналд Трамп ќе претседава со Мировниот совет кој ќе го надгледува договорот.
Супер Попуст -25%
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Планот предвидува и итни избори во Украина, размена на затвореници „сите за сите“ и враќање на киднапираните деца. Според американската влада, постигнат е „огромен напредок“ во преговорите во Женева.


