
Откажан повратниот лет поради безбедносни проверки
Од авиокомпанијата потврдија дека инцидентот се случил на летот JU634, по што повратниот лет JU635, планиран да полета од Мостар во 15:15 часот, не бил реализиран. Иако првичните информации укажуваа на сомневање за евентуално оштетување на опашката на авионот, од „Ер Србија“ не го потврдија тоа, нагласувајќи дека леталото е упатено на преглед согласно стандардните безбедносни процедури.
Директорот на аеродромот во Мостар, Марко Ѓузел, информираше дека екипажот веднаш по слетувањето го пријавил ударот од гром. Бидејќи техничката контрола траела подолго од очекуваното, дошло до нарушување на редот на летање на оваа линија.
Обезбеден алтернативен превоз за патниците
Од „Ер Србија“ посочуваат дека ударите од гром не се невообичаена појава во комерцијалниот воздушен сообраќај и дека современите патнички авиони се проектирани и сертифицирани безбедно да ги издржат ваквите ситуации.
На патниците од откажаниот лет им бил организиран алтернативен превоз согласно процедурите на компанијата, од каде што упатија извинување за непријатностите и потенцираа дека безбедноста на патниците и екипажот останува нивен највисок приоритет. Авионот треба да се врати во Белград по целосното завршување на сите технички проверки.
„Авионите имаат заштита од удари од гром, но како мерка на претпазливост мора да се извршат сите проверки. Бидејќи прегледот бара време, леталото ќе се врати во Белград откако ќе завршат контролите“, изјави директорот на аеродромот во Мостар, Марко Ѓузел.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден







