
Основнниот суд во Тетово донесе пресуда од две години затвор за Менсур Пајазити, возачот кој пред две и пол години на пешачки премин ја усмрти 22-годишната Теодора Ристовска.
Оваа одлука предизвика бурни реакции во јавноста, особено кај семејството на починатата, кои сметаат дека казната е премногу блага.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Судскиот процес траеше повеќе од две години и минуваше низ различни фази. Првично, Основниот суд во Тетово во ноември 2023 година му изрече казна од три и пол години затвор на Пајазити, но тој поднесе жалба.
Апелациониот суд ја намали казната на две години, по што Врховниот суд, по барање за вонредно преиспитување, ги укина двете пресуди и го врати случајот на повторно судење. На последното рочиште, Пајазити призна вина, што резултираше со конечна казна од две години затвор.
Сестрата на Теодора, Ева Ристовска, со солзи во очите ја коментираше пресудата, изразувајќи длабоко разочарување и болка.
„Колку вреди животот во Македонија, колку вреди животот на сестра ми?
Дали може некој да ја врати нејзината младост, мојата младост? Две години го осудија човеков, што уби човек.

Со две години треба да бидеме задоволни? Не, не може со две години“, изјави Ева, додавајќи дека ни максималната казна од пет години нема да ја врати Теодора, но барем ќе ја олесни маката и ќе покаже дека правдата, колку и да доцни, сепак постои.
Пајазити беше обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кои е предвидена казна затвор од една до пет години.
И покрај исцрпувачкиот судски процес, семејството на Теодора останува решено да продолжи да бара правда и верува дека оваа одлука ќе биде преиспитана.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден








