во

Денес се празнува Крстовден: Воздвижение на Чесниот крст Господов

Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден, празник посветен на Воздвижението на Чесниот крст. На овој ден се празнуваат два значајни настани – пронаоѓањето на Христовиот крст на Голгота и неговото враќање од Персија во Ерусалим.

Пронаоѓањето на Крстот на Голгота

Според преданието, светата царица Елена, при обиколката на Светата Земја, решила да го пронајде Чесниот Крст. Потрагата ја довела до старецот Јуда, кој открил дека крстот е закопан под храмот на Венера, подигнат од царот Адријан на Голгота. Царицата наредила идолскиот храм да се урне, а при длабокото копање биле пронајдени три крста.

„За да откријат кој од трите е вистинскиот Христов Крст, патријархот Макариј наредил да ги полагаат крстовите редум врз мртовец кој го носеле во поворка. Кога го ставиле третиот крст, покојникот оживеал, по што народот со солзи извикувал: ‘Господи помилуј!’“

Супер Попуст -25%

Откако крстот излекувал и една болна жена, патријархот го подигнал пред целиот народ. По ова големо чудо, царицата Елена направила сребрен ковчег во кој го положила чесниот и животворен Крст.

Враќањето на светињата од персиско ропство

Години подоцна, кога царот Хозрој го зазел Ерусалим, Крстот бил однесен во Персија каде останал цели четиринаесет години. Во 628 година, грчкиот цар Ираклиј го победил Хозрој и со голема слава ја вратил светињата во Ерусалим.

Влегувајќи во градот, царот Ираклиј сакал да го внесе Крстот носејќи го на своите плеќи во раскошни облеки, но одеднаш застанал и не можел да зачекори. Патријархот Захарија видел Ангел кој му попречувал на царот да оди во таков раскош по патот каде Господ чекорел бос и понижен. Откако ја соблекол богатата облека, царот босоног го изнесол Крстот на Голгота и го положил во храмот на Воскресението, на огромна радост и утеха на целиот христијански свет.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вучиќ вечерва поднесува оставка: Ана Брнабиќ ја презема функцијата в.д. претседател на Србија

Прва средба на шефовите на дипломатиите на Германија и Русија од 2022: Разговорите меѓу Вадефул и Лавров завршија без напредок