„Иако кучињата не беа во негова сопственост дечкото без размислување со ризик скокна во водата и ни докажа на сите дека во ова време невреме сепак постојат хумани луѓе кои што ни ја враќаат надежта и вербата во човештвото. ВАСКО е името на херојот на денот“, напиша девојката што случајно посведочила на хуманиот потег.
Понекогаш хероите не се таму некаде далеку со впечатливи наметки и сјајни штитови, туку се тука меѓу нас.
За херој на денот го прогласуваме Васко, момче кое една девојка на поминување го снимила како прави прекрасно дело.
Тој пред десетина дена без размислување влегол во ледено студената вода во едно од езерцата во Градскиот парк во Скопје, каде поради мразот во неа две кучиња се заглавиле и не можеле да излезат.
На видеото, снимено и споделено на Фејсбук од страна на Сара Мишиќ, тој му помага на едно од кучињата.
Нашиот херој на денот:
Пред малку бев сведок на една прекрасна хумана случка која што се случи во Градски парк во Скопје.
Имено, како што можете да видите на видеото, млад дечко спасува две кучиња кои се заглавија во замрзнатата водa. Иако кучињата не беа во негова сопственост дечкото без размислување со ризик скокна во водата и ни докажа на сите дека во ова време невреме сепак постојат хумани луѓе кои што ни ја враќаат надежта и вербата во човештвото.
ВАСКО е името на херојот на денот!!!
П. С. На видеото е прикажано спасувањето на едното куче, додека другото е на средината од езерото.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








