
Спасувачка акција и првични сомнежи за гас
Спасувачките екипи со часови трагаа по преживеани под огромните наноси од урнатини. Со помош на специјални кучиња трагачи, камери и сензори, грчката противпожарна служба успеала да ги пронајде телата на шесте жртви.
Градоначалникот на Атина изјави дека првичните сомнежи укажуваат оти експлозијата најверојатно е поврзана со проблем во гасната инфраструктура. На местото веќе работи специјализирана единица за истраги, а жителите потврдиле дека пред несреќата во областа се чувствувал силен мирис на гас.
Разорна моќ на експлозијата во туристичката зона
Експлозијата била толку силна што целосно ја избришала двокатницата, притоа оштетувајќи ги околните куќи, продавници и паркирани автомобили. Метални делови, стакло и градежен материјал биле расфрлани на оддалеченост и до три блока.
„Зградата остана претворена во куп метал, урнати балкони и висечки бетонски плочи“, сведочат пожарникарите кои први пристигнале на местото на несреќата.
Областа Плака е една од најфреквентните туристички зони во Атина, позната по бројните хотели и објекти за краткорочно изнајмување, што дополнително ја зголемува трагичноста на овој настан. Истрагата за утврдување на точните причини е во тек.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден







