
Честитки од Вашингтон и гаранции од Москва
Разговорите со американските и руските претставници се одржаа во четвртокот во Белград. Помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Брендан Ханрахан, оствари средба со делегацијата предводена од Милана Писариќ и Дејан Радивојевиќ, на која отворено им го честиташе големиот изборен успех и се разговараше за натамошната соработка меѓу двете земји.
Во одвоена средба, претставниците на листата Дејан Шошкиќ и Миодраг Крмар седнаа на маса со рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко. Главни теми беа идниот развој на односите и соработката во меѓународните организации, при што руската страна ја потврди својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија во врска со Косово, повикувајќи се на Резолуцијата 1244.
Владеење на правото, а не послушност кон странците
Овие дипломатски средби доаѓаат по вонредните парламентарни избори на кои „Студентската листа – Студентите победуваат“ освои апсолутно мнозинство од 140 пратенички места, оставајќи ја коалицијата на Александар Вучиќ во опозиција со 103 мандати. Движењето кое настана како револт по трагедијата на железничката станица во Нови Сад, каде загинаа 16 лица, сега ја има историската одговорност да ја формира новата српска влада.
Експертите оценуваат дека балансирањето меѓу големите сили ќе биде сериозен предизвик за новата власт, но студентите веќе испратија јасна порака: разговорите со меѓународните партнери не значат откажување од сопствените принципи. Во наредниот период се најавени средби и со други дипломати пред конститутивната седница на Собранието закажана за 17 ноември.
„Изборната победа ни донесе одговорност да ги застапуваме интересите на граѓаните. Во меѓународните односи сакаме партнерство, а не потчинетост, соработка, а не послушност.“ — порачаа од Студентското движење.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден







