
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, изјави дека постигнувањето на долгоочекуваниот „голем договор“ меѓу САД и Иран се чини неизбежно во овој момент. Сепак, тој испрати јасно предупредување дека Вашингтон останува во целосна воена подготвеност да дејствува со сите расположливи средства доколку дипломатските напори на крајот претрпат неуспех. „Подготвени сме да направиме сè што е потребно за да се осигураме дека Иран никогаш нема да развие и да добие нуклеарно оружје“, дециден беше Хегсет во својата изјава за медиумите при заминувањето од Париз.
Посветеноста на Трамп и заштитата на поморските патишта
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Шефот на Пентагон потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп е максимално посветен на обезбедувањето историски договор кој трајно ќе ги блокира нуклеарните амбиции на Техеран, потврдувајќи ги претходните најави на самиот Трамп за можен брз дипломатски пресврт. Покрај нуклеарното прашање, Хегсет се осврна и на актуелните воено-политички тензии во Блискиот Исток. Тој нагласи дека американските бродови во регионот продолжуваат непречено да се движат и предупреди дека Вашингтон брзо и решително „ќе се погрижи“ за какви било ирански напади врз трговските или воените сообраќајници.
Ревизија за Авганистан и следните чекори на Пентагон
Покрај кризата на Блискиот Исток, министерот за одбрана откри уште една клучна информација од внатрешната агенда на Пентагон. Тој потврди дека обемниот преглед и ревизијата на хаотичното повлекување на американските трупи од Авганистан во 2021 година е веќе при самиот крај. Според неговите најави, официјален Вашингтон многу скоро во јавноста ќе ги објави првите „прелиминарни наоди“ од оваа долгоочекувана истрага, што сигурно ќе предизвика нови дебати на американската политичка сцена.


