во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 СЕПТЕМВРИ: Ракот ќе мора да го промени планот, Шкорпијата успешно ја крие нервозата

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Потребно е малку такт во деловните релации и контакти. Вие сте малку понервозни, а многу ве нервираат луѓе кои не ги почитуваат договорите, а на такви очигледно ќе наидувате. Ве мачат сомнежи во врска со некој колега или деловен проект. Емотивна напнатост.

♉

Бик

Многу ви пречи тоа што имате чувство дека една личност го надгледува секој ваш потег и дека секогаш ви е зад грб. Деконцентрирани сте и таквите работи ви пречат. Се надевате на средба со емотивниот партнер, но можно е да не успеете да се усогласите и договорите.

♊

Близнаци

Прилично сте мирни во напнатите ситуации. Чувствувате тензија околу себе во некои односи, но навистина ви е мака од расправање со луѓе на кои не може да им се докаже. Порадо ќе се повлечете и ќе замолчите. Партнерот не гледа на ист начин на некои проблеми во вашата врска. Проблем во комуникацијата.

♋

Рак

Дефинитивно ќе морате да ги промените плановите, бидејќи ќе се вмешаат луѓе или ситуации на кои не сте сметале. Нешто понапната комуникација со надредените. Во емотивниот сегмент потребно е со саканата личност да ги расчистите поситните проблеми.

♌

Лав

Многу нервозно ги чекате резултатите од договорот и навистина се надевате дека овој пат успеавте да го „погодите“ вистинското. Немојте да бидете изненадени ако информациите не пристигнат во текот на денот. Со повеќе волја, ова попладне може да биде исполнето со фини моменти со саканата личност.

♍

Девица

Мило ви е што успеавте да решите некои проблеми во деловниот сегмент и сега повторно можете да продолжите со она што сте го планирале. Како што ќе одминува денот, ќе се чувствувате порастоварено. Се обидувате да ѝ се прилагодите на саканата личност, која е доста нервозна и напната.

♎

Вага

Навистина ќе ви годат убавите зборови и позитивната критика од страна на надредениот или деловниот партнер со кој долго време соработувате. Денес сте во добро расположение, подготвени да ги исполнувате желбите на партнерот. Но, прашање е дали на другата страна сè ѝ е на свое место.

♏

Шкорпија

Успешно успевате да сокриете дека сте многу нервозни и дека размислувате дали ќе успеете една работа да ја одработите како што треба. Опуштете се, го направивте она што беше до вас. Со саканата личност имајте малку повеќе такт, не создавајте непотребно тензија.

♐

Стрелец

Ми се чини дека ќе бидете задоволни и исполнети само во емотивниот сегмент. На сите други страни, и на работа но и во домашното опкружување, само ќе трпите критики, без разлика дали за нив има вистинска причина или не. Едвај ќе чекате да ѝ се посветите на саканата личност.

♑

Јарец

Нема потреба од расправии во деловниот сегмент, можно е ниту вие ниту другата страна да ги немате вистинските информации и без причина да се препукувате. Во контактот со некого кого од неодамна го познавате, ја покажувате својата романтична страна и нежност. Убава комуникација.

♒

Водолија

Од една страна – можете да завршите многу обврски. Од друга – просторот за грешки и недоразбирања е целосно отворен. Затоа драги мои Водолии – денес полека, чекор по чекор. Тие грешки баш и не ви се потребни. Контролирајте ја својата нервоза со личностите кои ви се драги.

♓

Риби

Имате чувство дека сте на дофат на некое решение и дека малку ви фали за да дојдете до завршницата на деловниот проект или обврска која веќе ви станува оптоварување. Некој се обидува да ви се приближи, но вие не реагирате, премногу сте обземени со своите приоритети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СОНЧЕВО ПРЕТПЛАДНЕ, ВРНЕЖИ ПОПЛАДНЕ: Топло време денеска, но со услови за локална нестабилност

Спанаќ, фета и јајца од рерна: Ни пита, ни лазања, туку едноставен ручек што освојува со вкусот