
Дневен хороскоп за 29 март: Емоциите се вртат наопаку, некој наоѓа мир, друг влегува во хаос
Овој ден носи силни внатрешни движења и промени во расположението, па многумина ќе почувствуваат дека работите не се под нивна контрола.
Овен
Денот ви носи убави моменти со саканите. Љубовта е во фокус и лесно создавате блискост. Искористете го времето за заеднички активности.
Бик
Се враќате кон домот и најблиските. Потребна ви е стабилност и мир, па денот ќе го поминете во пријатна атмосфера со семејството.
Близнаци
Комуникацијата ви оди од рака. Ќе бидете во движење и контакт со луѓе кои ви значат. Денот носи динамика и интересни разговори.
Рак
Фокусот ви е на финансии и лични вредности. Се чувствувате добро и сакате тоа да го споделите со другите. Малите задоволства ве радуваат.
Лав
Емоциите ви се засилени. Потребна ви е поддршка и разбирање од блиските. Ако се опуштите, денот може да биде навистина убав.
Девица
Време е за повлекување и размислување. Анализирате што сте направиле и што треба да промените. Малку мир ќе ви дојде одлично.
Вага
Денот е идеален за дружба и контакти со пријателите. Разговорите одат лесно и може да договорите нешто важно. Уживајте во друштвото.
Шкорпија
Фокусот ви е на другите. Наместо да барате внимание, покажете разбирање и поддршка. Некој навистина ќе ви биде благодарен.
Стрелец
Имате енергија за реализација на плановите. Контактите со луѓе ви носат добро расположение. Денот е динамичен и позитивен.
Јарец
Емоциите се засилени и сакате конкретни резултати. Делувате поодлучно од вообичаено. Можно е да се појави силна привлечност кон некого.
Водолија
Односите се во прв план. Лесно се поврзувате со другите и можете да продлабочите важна врска. Добар момент за нов почеток.
Риби
Потребен ви е одмор и време за себе. Истовремено, успевате да ги средите односите со луѓето околу вас. Балансот е клучен.

