
Можни нови воени операции и дипломатски алтернативи
По одржувањето на вонредниот безбедносен состанок со највисоките советници во Белата куќа, Трамп пред новинарите истакна дека Вашингтон веќе остварил значајни цели, но дека опцијата за нови воени удари останува отворена доколку тоа биде потребно.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Според извештаите на медиумите како Аксиос, американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) ги завршува сите оперативни подготовки за продолжување на масовните воени операции, иако официјална наредба од Белата куќа сè уште нема добиено.
Трите опции на маса: Војна, санкции или договор
Паралелно со воените закани, во текот се интензивни дипломатски напори во кои клучна посредничка улога игра Катар. Според аналитичарите, администрацијата на Трамп во моментов разгледува три можни сценарија: нови воени напади, зајакнување на економскиот притисок и санкции, или постигнување нов дипломатски договор со Техеран.
Меѓународната јавност со огромна загриженост ги следи овие случувања, со оглед на тоа што секоја ескалација на Блискиот Исток директно влијае врз глобалната безбедност и стабилноста на енергетските пазари.
„Повеќе би сакал да не го уништувам остатокот од земјата, ако е можно, но можеби ќе морам. Наскоро ќе дознаете“, порача американскиот претседател Доналд Трамp.


