
Непосредно пред почетокот на денешниот, 42-ри обид за конституирање на косовското собрание, зградата на парламентот во Приштина беше евакуирана.
Оваа информација ја наведува порталот Косово онлајн. Соопштено е дека евакуацијата се случила по анонимна дојава за поставена бомба. Косовската полиција соопшти дека пратениците, како и сите други кои се нашле во парламентот, се веднаш евакуирани.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Пред Собранието на Косово во моментов има засилено полициско присуство. Тука се и полициските единици за деминирање. Тие со кучиња трагачи поминуваат меѓу паркираните автомобили во околината. На лице место дојде и главниот обвинител на Основното обвинителство во Приштина.
На новинарите им било кажано дека полицијата ги замолила пратениците да ја напуштат зградата од безбедносни причини. Анонимните закани за поставената бомба биле упатени преку телефон. Најавено е дека седницата ќе се одржи вечерва, откако ќе се направат сите безбедносни проверки.


