
Германија останува ветената земја за македонските граѓани, а најновите официјални податоци од германските институции откриваат фрапантни бројки. Според Централниот регистар на странци (AZR), во најмоќната европска економија официјално живеат над 161.000 Македонци, што е еднакво на населението на неколку поголеми македонски градови заедно.
Македонија на 22. место: Цел еден град иселен
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Бројките се немилосрдни. Заклучно со ноември 2025 година, Македонија се наоѓа на високото 22. место на листата на странци во Германија. Точната бројка изнесува 161.044 македонски државјани.
Оваа статистика ги опфаќа само лицата кои се водат со македонски пасош, што значи дека реалната бројка на наши иселеници (вклучувајќи ги оние со бугарски пасоши или оние кои веќе зеле германско државјанство) е веројатно двојно поголема.
Украинците ги стигнуваат Турците
Демографската слика на Германија драстично се менува. Додека Турците со децении го држеа приматот со 1,52 милиони жители, војната во Украина донесе огромен бран бегалци. Во моментов, таму живеат над 1,4 милиони Украинци, а разликата се намалува секој ден.
„Потребни се само уште околу 125.000 украински имигранти за да го преземат првото место од Турците“, анализираат германските медиуми.
Секој шести жител е странец
Германија денес е вистински „мелтинг пот“. Од вкупно 83,6 милиони жители, дури 14 милиони се странци, што е 16,8% од вкупното население. Но, ако се земе предвид и „миграциското потекло“ (луѓе кои добиле државјанство, доцни имигранти од СССР и сл.), тогаш бројката скока на неверојатни 25,2 милиони луѓе, или 30% од вкупната популација.
Во ова море од нации, покрај Македонците, високи позиции држат и соседите: Хрватска е на 9. место со над 414.000 граѓани, додека бројни се и заедниците од Романија, Полска и Бугарија.


