во , ,

Езеро старо 50.000 години целосно си ја смени својата боја и ги воодушеви и збуни научниците

Езерото во Индија ги остави научниците збунети откако мистериозно ја смени својата боја во розова. Сместено во кратерот на метеорит во државата Махараштра, се верува дека Лонарското Езеро е старо најмалку околу 50.000 години.

Но, за прв пат во нашето време, вообичаената сино-зелена нијанса на езерото се претвори во зачудувачка црвено-розова боја минатата недела.

Додека се одвиваат понатамошни истраги, не се знае точно што е причината што езерото толку драматично ја сменило бојата. Експертите сметаат дека можеби се намалило нивото на солена вода и да се променило присуството на одредени алги, што може да биде одговорно за промената.

Локалните извештаи сугерираат дека слична промена на бојата се случила пред околу 2.000 години, но се верува дека промената не била толку драматична. За да стигнат до дното на „розовата нијанса“, научниците испратија примероци до Националниот институт за истражување и инженерството на животната средина (NEERI) за примероците да можат да бидат подложени на детална анализа.

Меѓутоа, додека чекаме да се вратат некои официјални резултати, локалниот геолог Гајанан Харат понуди објаснување за тоа што може да стои зад промената.

Тој вели: „Соленоста во езерото се зголеми бидејќи нивото на водата драстично се спушти оваа година и стана потопло, што резултираше во пораст на алги. Овие алги добиваат црвеникава боја на потоплите температури и оттука езерото стана розово преку ноќ.“

Што мислиш?

21 поен
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како се вработуваат децата на менаџерите?

Господине судија, се враќам од работа и ја гледам жена ми гола во креветот, а еден тип бега под терасата…