
Крај за увозот на пластичен отпад од земјите на ЕУ
Со оваа одлука се ограничува можноста Македонија да прима пластичен отпад од Европската Унија за понатамошна преработка, во услови кога постојат сомнежи за начинот на кој се третира дел од увезениот отпад. Според податоците на Светската банка за 2024 година, земјите членки на ЕУ пријавиле извоз на 323,5 тони пластичен отпад во Македонија во вредност од околу 46.400 долари, при што најголемите количества пристигнале од Хрватска и Грција.
Од Европската комисија објаснуваат дека целта на забраната е да се спречи отпадот создаден во Унијата да предизвикува загадување и здравствени ризици во други држави. Сепак, мерката се однесува исклучиво на извозот од ЕУ и не претставува општа забрана за увоз на пластичен отпад во Македонија од други земји.
Што следува за останатите категории отпад и по 2029 година?
Македонија претходно побарала од Европската комисија дозвола за продолжување на приемот на одредени категории неопасен отпад, меѓу кои хартија, стакло, метали и органски отпад, додека пластиката не била опфатена со барањето. За овие останати категории од мај 2027 година ќе важат посебни ограничувања, со можност за одобрени исклучоци.
По истекот на рокот на 21 мај 2029 година, земјава ќе може да побара дозвола за повторен прием на неопасен пластичен отпад од ЕУ, но одобрението нема да биде автоматско – Македонија ќе мора да докаже дека располага со капацитети за негово безбедно третирање.
„Еден од нашите приоритети е да го запреме загадувањето со пластика“, изјави европската комесарка за животна средина, Јесика Росвал, посочувајќи ја и потребата од глобален договор за справување со загадувањето од пластика.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден







