
Европската централна банка најави дека ќе го прошири пристапот до својот Фонд за ликвидност во евра, со цел механизмот да стане достапен за централни банки ширум светот и да го засили меѓународниот статус на еврото
Станува збор за т.н. REPO линии, преку кои централните банки можат да позајмуваат евра од ЕЦБ по поволни каматни стапки, користејќи висококвалитетен колатерал. Досега, пристапот бил ограничен на мал број земји, претежно од Источна Европа, но новата насока е проширување на алатката на глобално ниво.
Кристин Лагард: Европа мора да се подготви за понестабилно опкружување
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, на Минхенската безбедносна конференција порача дека институцијата треба да биде подготвена за период во кој шоковите и непредвидливоста ќе станат почести, а токму ваквите механизми можат да ја зајакнат довербата во еврото.
Според соопштението на ЕЦБ, механизмот ќе биде достапен од третиот квартал на 2026 година за централни банки ширум светот, но под строги услови. Пристап нема да имаат институции што се поврзуваат со перење пари, финансирање тероризам или со субјекти под меѓународни санкции.
Зошто токму сега: инвеститорите го преоценуваат доларот
Одлуката доаѓа во момент кога пазарите внимателно ја следат состојбата на американскиот долар, а дел од инвеститорите, според наводите во информацијата, прават нови процени поради непредвидливоста на економската политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Во таа слика, ЕЦБ очигледно сака да испорача поголема ликвидносна сигурност во евра и да го позиционира еврото како посилен меѓународен избор


