во , ,

Жена од Русија со помасивни мускули од машките бодибилдери руши рекорди

Руска бодибилдерка е интернет сензација со масивните мускули, кои ги фрлаат во сенка дури и врвните машки бодибилдери.

Наталија Кузнецова не само што е најтешката жена која се занимава професионално со бодибилдинг, туку и има поставено три светски рекорди. 28-годишната фитнес зависничка во моментов тежи 90 килограми и привлекува огромно внимание каде и да се појави.

Реклама

Нејзиниот сопруг, Владислав Кузнецов, исто така е руски бодибилдер. Наталија вели дека не ѝ е важно што неговите бицепси се помали од нејзините, зашто смета дека заемната љубов и поддршка се клучни состојки за среќна врска.

Мускулестата Русинка започнала да вежба на 14-годишна возраст за да си ја зголеми самодовербата, бидејќи била многу ситна и тежела 40 килограми. „Бев како мало глувче додека растев“ – рекла таа.

„Исто како и сите останати, првпат отидов на фитнес без некаква посакувана цел, но по три месеци, мојот тренер ме праша дали сакам да учествувам во натпревар во бодибилдинг. До 15-годишна возраст, бев шампион во Забајкалски крај“ – објаснила Наталија за моментот кога решила да се занимава професионално со бодибилдинг.

Од 2018 наваму, Наталија работи како тренер по бодибилдинг.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мажи VS. Жени: Колку време им е потребно за едни исти работи?

Градот на анархијата и мирот: Таму нема политика, закони ниту религија…