
Хорор во Виена: Синот на украински политичар мачен и жив запален во „Мерцедес“ поради криптовалути
Австрија и Украина се во шок по бруталното убиство на 21-годишниот студент Данило К., син на заменик-градоначалникот на Харков. Неговото тело беше пронајдено на задното седиште на целосно изгорен црн „Мерцедес“ во виенскиот округ Донауштат. Полициската истрага откри застрашувачки детали: момчето прво било претепано од познаник во подземна гаража на хотелот „Софител“, потоа киднапирано и мачено, за на крајот да биде живо запалено во автомобилот на неговиот татко.
Уапсени двајца Украинци, сметките испразнети
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Мотивот за ова свирепо злосторство е користољубие. Семејството, кое претходно го пријавило неговото исчезнување, забележало дека неговите крипто-сметки се испразнети. Полицијата брзо реагирала и во Украина се уапсени двајца осомничени сонародници на жртвата (на возраст од 19 и 45 години). Кај нив се пронајдени огромни количини американски долари во готовина, за кои се верува дека се добиени преку итна конверзија на украдените криптовалути од богатиот студент.


