во ,

„За танго се потребни двајца“: Трамп претпазлив по средбата во Москва, Украинците летаат за Флорида

„За танго се потребни двајца“: Украинската делегација итно патува за Флорида откако Виткоф не постигна пробив во Москва

Само два дена по завршувањето на разговорите во Кремљ, кои не резултираа со посакуваниот компромис, украинските преговарачи пристигнуваат во САД за нов круг интензивни консултации со специјалниот американски пратеник Стив Виткоф. Средбата, потврдена од Белата куќа, ќе се одржи во Флорида. Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени претходната средба на Виткоф со Владимир Путин како „релативно добра“, но остана воздржан за иднината на процесот. „Имам впечаток дека Путин сака договор, но не е јасно што ќе се случува сега, зашто за танго се потребни двајца“, изјави Трамп, сугерирајќи дека топката сега е во дворот на Киев и Москва да покажат реална волја за отстапки.

Главните кочници: 50 километри во Донбас и членството во НАТО

Супер Попуст -25%

Додека шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, го обвини Путин дека „го троши времето на светот“, руската страна преку советникот Јуриј Ушаков порача дека некои американски формулации се прифатливи, но други не, особено оние што се косат со руските безбедносни интереси. Американскиот државен секретар Марко Рубио откри дека „најгорливиот проблем“ се однесува на 30 до 50 километри територија во Доњецк (Донбас), додека Кремљ останува категорично против какво било членство на Украина во НАТО. Руската позиција е дополнително зацврстена од состојбата на фронтот, каде според Институтот за проучување на војната, Москва сега контролира 19,3% од украинската територија.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од порно-империја до нафтен гигант: Екс-сопственикот на „Pornhub“ сака да го купи „Лукоил“!

Од Принс и Родман до тату-мајстор: Кармен Електра (53) конечно пронајде мир со „обичен“ дечко