
По проверката и мерењето на конструктивната состојба на облакодерот на „Вјесник“ во Загреб, по минатонеделниот пожар, градежните инженери препорачаа тој дефинитивно да се урне.
Министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот, Бранко Бачиќ, потврди дека е потребно да се продолжи со отстранување на облакодерот поради ризикот од уривање. Ќе се изготви проект за уривање, по што ќе следи јавна набавка и самото отстранување на објектот. Иако постоела желба зградата да се спаси, исцрпниот извештај покажал дека тоа не е безбедно.
„Ризик од спонтано уривање“
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Градежниот инженер Марио Урош истакна дека облакодерот треба да се отстрани итно. „Сите мерења укажуваат дека има сериозни штети. Има обемни физички оштетувања на столбовите, а источниот дел е многу оштетен“, рече тој. Бидејќи голата структура сега е изложена на дожд и снег, постои ризик од ширење на бетонот и спонтано уривање доколку се чека предолго.


