во ,

Збогум на кривините на Стража: Пробиени 17 километри од новиот автопат кон Охрид!

Градежна офанзива на Коридорот 8: Пробиени првите 17 километри од новиот автопат што ќе ја заобиколи Стража

Интензивно се одвиваат градежните работи на клучната автопатска делница Гостивар – Букојчани, која претставува витална алка од Коридорот 8 на трасата Скопје – Струга – Охрид. Според најновите информации што ги сподели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, веќе се целосно пробиени 17 километри од новата траса. Овој зафат е од огромно значење бидејќи новата траекторија целосно го заобиколува планинскиот превој Стража, кој со децении претставуваше „тесно грло“ и предизвик за возачите, особено во зимските услови.

Николоски со видео од терен: „Ја градиме Македонија со полн интензитет“

Супер Попуст -25%

Министерот Николоски објави видео снимка која го документира напредокот на терен, нагласувајќи дека механизацијата работи со полна пареа. „Градежните активности се во полн интензитет… Ја градиме Македонија!“, порача тој. Реализацијата на оваа делница не само што ќе го скрати времето на патување кон туристичките центри Охрид и Струга, туку значително ќе ја зголеми безбедноста на сообраќајот и економскиот проток кон западниот дел на земјата и кон Албанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Инспекторите ја прекинаа забавата: Кривични пријави за пејачка и музичари од БиХ во кичевски локал

Скандал на Јахорина: Аца Лукас „забранет“ во Република Српска поради слика со Насер Ориќ!