
Состојки и едноставна подготовка
За подготовка на овој богат чоколаден намаз потребни ви се квалитетни и здрави состојки: 200 грама печени и излупени лешници, 100 грама сиров индиски орев, 10 до 12 сочни урми, 2 до 3 лажици какао во прав, една лажичка екстракт од ванила, прстофат морска сол и малку топла вода.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Процесот започнува со потопување на урмите во врела вода за да омекнат, додека лешниците и индискиот орев се блендираат во силен сецко или блендер се додека не ги испуштат природните масла и не се претворат во глатка паста. Потоа, сите состојки се соединуваат со пирето од урми и какаото.
Чување и начин на сервирање
Готовиот намаз се префрлува во чиста стаклена тегла и може да се чува во фрижидер до 10 дена. Бидејќи на ладно дополнително се стега, се препорачува да се извади 5 до 10 минути пред консумирање за повторно да стане мек и лесен за мачкање.
Иако не содржи рафиниран шеќер, овој намаз е исклучително хранлив и богат со калории поради јаткастите плодови, па се препорачува умерено уживање уз палачинки, овесна каша или омиленото овошје.
„Домашната верзија може да се направи без додадено масло, млеко и рафиниран шеќер. Лешниците даваат препознатлив вкус, индискиот орев придонесува за кремаста текстура, додека урмите природно го засладуваат намазот.“


