
Студениот бран пристигна: Дожд, снег и силен ветер од над 60 км/час – еве што нè чека денес
Најавената промена на времето е тука. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека денес Македонија ќе биде зафатена од променливо облачно време со врнежи кои ќе варираат од дожд до снег, во зависност од надморската височина.
Внимавајте на ветерот!
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Она што е посебно важно за возачите и пешаците е ветерот. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од северозападен правец со брзина над 60 km/h.
Во пониските места се очекуваат комбинирани врнежи од дожд и снег, додека на планините и повисоките места ќе врне само снег.
Во Скопје снегот доаѓа вечерва
Во главниот град времето е променливо облачно со повремен дожд. Сепак, како што ќе паѓаат температурите кон крајот на денот и во текот на ноќта, се создаваат услови дождот да премине во слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.


