во ,

Знам дека прашањето е малку необично, но колку години мислите дека имам?

Една жена си се почестила себе си со еден фејслифтинг. Таа била фасцинирана од резултатот.

Супер Попуст -25%

Од таму отишла во еден бутик. Откако испазарувала ја прашала продавачката:

– Знам дека прашањето е малку необично, но колку години мислите дека имам?

– 35.

– Супер! Вистината е дека имам 45 години – и среќна излегла од продавницата.

Од таму отишла во Седмица, да стегне еден хамбургер. Кога дошла на ред ја прашала дебелата тетка:

– Извинете за прашањето, но колку години мислите дека имам?

Тетката ја погледнала и рекла:

– Мислам дека имате околу 30 години.

– Одлично! Како ќе реагирате ако ви кажам дека имам 45 години – и среќна излегла со сендвичот в раце.

Отишла да чека автобус, а на станицата чекал само еден дедо. Жената го прашала:

– Дедо, извинете за прашањето, но што мислите колку години имам?

– Да ти кажам искрено, дете, јас имам дарба точно да препознаам, но… малку е срамота… мора да ти бркнам во гаќите…

Жената погледнала наоколу, немало никој, а многу ја копкало како е можно некој да погоди, па се согласила. Дедото фаќал околу 5 минути, ја извадил раката и рекол:

– Ти дете, имаш 45 години.

– Невозможно… Како дозна?

– Бев зад тебе во Седмица.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба…

Цветко отишол на скокање со подобрани, но кога дошол неговиот ред…