
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако сподели фотографија од својата дневна соба додека следи тениски меч.
Наместо вниманието да биде насочено кон спортот, фокусот на фановите, особено оние од Србија и Балканот, отиде целосно на деталите во неговиот дом. Иако има заработено над 50 милиони долари, неговиот животен простор изгледа неверојатно скромно и „познато“.
„Балканска“ дневна соба: Мушама и мал телевизор
-
Апсана
699 ден
524.25 ден

На фотографијата се гледа едноставно уреден простор. На масата има мушама – детаљ кој корисниците веднаш го препознаа како синоним за „балкански дом“. Зад него виси релативно мал телевизор, за кој многумина на шега коментираа дека „секој втор Србин има поголем“.
Посебно внимание привлекоа полиците зад тенисерот: трофеите и наградите буквално се „гураат“ со семејните фотографии над телевизорот, што на многумина им делуваше како класична, сентиментална комбинација препознатлива за нашите домови.
„Па тој е наш!“
Коментарите од регионот станаа вирални: „Има 50 милиони во банка и мушама на маса. Каков брат!“, „Има фенси верзија на летна кујна“, „А пластичните столици на расклопување? Па тој е наш!“. Фотографијата сосема ненамерно го претвори Алкараз во „наш човек“ и омилен лик на социјалните мрежи.


