
Тензиите во американскиот претседателски авион Air Force One достигнаа точка на вриење откако Доналд Трамп влезе во директен конфликт со новинарка на ABC News. Додека светот со страв ги следи вестите за војната со Иран, американскиот претседател наместо за стратегијата, избра да зборува за „корумпирани медиуми“. На прашањето дали е соодветно да се користат фотографии од загинати војници за собирање политички донации, Трамп одговори со гестикулација за молк и навреда: „Псст, вие сте многу напорна личност“.
Фотографија од загинати војници како алатка за донации
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Скандалот започна кога новинарката го соочи Трамп со факти за е-пошта испратена до неговите поддржувачи, во која церемонијалниот пречек на останките на војниците убиени во конфликтот со Иран се користи за собирање пари. Трамп првично изјави дека тоа е „соодветно“, за подоцна да ретерира тврдејќи дека не ја ни видел пораката. „Имаме многу луѓе што работат за нас“, нагласи тој, обидувајќи се да ја префрли одговорноста, додека истовремено тврдеше дека „никој не е подобар за војската од него“.
ABC News на нишан: „Најкорумпираната организација на планетата“
Трамп не застана само на одбегнување на прашањата. Откако дозна дека новинарката работи за ABC News, тој упати серија жестоки напади врз медиумот, нарекувајќи го „најлажен и најкорумпиран на планетата“. Напнатоста стана видлива кога претседателот го стави прстот на усните за да ја замолкне репортерката додека таа се обидуваше да постави прашање за шесте американски војници убиени во Кувајт. Наместо одговор, Трамп нагло се сврте кон другите новинари со прашањето: „Кој друг?“.
Војна на Truth Social: Напади врз медиумите и Врховниот суд
По инцидентот во авионот, Трамп ја продолжи „офанзивата“ на неговата мрежа Truth Social. Во серија објави, тој ги критикуваше медиумите за нивното известување за војната во Иран, но не ги поштеди ниту судиите на Врховниот суд кои гласаа против неговите царини. Додека администрацијата се справува со воени предизвици на Блискиот Исток, претседателот по којзнае кој пат покажа дека неговиот најголем внатрешен непријател остануваат критичките медиуми, истовремено фалејќи ги своите лојалисти од Fox News.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден








