
Барања за „јазик на почит“ и крај на економскиот притисок
Според иранскиот министер за надворешни работи, решението за прекин на конфликтот веќе е на маса во форма на конкретен план, но од клучна важност е САД да почнат да го користат „јазикот на почит“ во односите со Иран. Аракчи смета дека американскиот претседател Доналд Трамп требало многу порано да сфати дека досегашниот пристап не ги остварил, ниту пак некогаш ќе ги оствари целите во оваа војна.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Тој предвидува дека Трамп наскоро ќе мора да се соочи со реалноста и да прифати дека санкциите и економскиот притисок се целосно погрешен пат за решавање на кризата на Блискиот Исток.
Изборна порака и дипломатски преговори во заднина
Коментирајќи ги резултатите од неодамнешните среднорочни избори во САД, Аракчи нагласи дека американскиот народ јасно му порачал на Трамп оти е против војување со Иран. Тој додаде дека граѓаните на САД не сакаат нивната земја постојано да биде вовлечена во конфликти само за да го поддржува „ционистичкиот режим“.
Во меѓувреме, дипломатските канали остануваат отворени. Медиумите известуваат дека претставници на Вашингтон и Техеран, преку посредници, активно разговараат за деталите од можниот договор кој би ставил крај на осуммесечната војна.
„Војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран нема да заврши ниту со воени средства ниту со заострување на санкциите, туку само со тоа што САД ќе ги исполнат барањата и условите на Иран, кои се наведени во дводневниот план и кои сè уште се на маса.“


