Градинарка од Велика Британија ископала компир кој бил сличен на нејзиното куче, а фотографиите воодушевиле многумина на социјалните мрежи.
Џоане Гудгер (47) од Атерстон вели дека фотографијата му ја испратила на нејзиниот партнер, кој искоментирал дека компирот изгледа исто како нивното куче Дејв.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Гудгер истакнала дека не сакале да го изедат тој компир, бидејќи ‘такво ремек дело тешко се наоѓа’.
„Сè уште се смеам, бидејќи никогаш повеќе нема да одгледам компир кој изгледа како моето куче“.

Џоане открила дека нивното куче боледува од неизлечива болест, па оваа интересна случка многу ги расположила.
Фотографијата од компирот одлучила да ја сподели во неколку Фејсбук групи и истата станала хит.
„Сите се шегуваа во коментари дека ќе бидат внимателни кога ќе копаат компири за случајно да не ископаат куче“, рекла таа.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








