
Претставници на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ постигнаа договор за првиот закон на ниво на Унијата што ги утврдува стандардите за заштита, одгледување и згрижување на кучиња и мачки.
Со новиот закон се воведуваат строги правила за спречување на злоупотребите. Се предвидува задолжително вградување на микрочипови и регистрација во интероперабилни национални бази на податоци. Продавачите и одгледувачите ќе имаат рок од 4 години да се прилагодат, додека за сопствениците „грејс периодот“ ќе биде подолг (10 години за кучиња, 15 за мачки).
Забрането врзување и инцестно размножување
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Законот изречно забранува врзување на милениците за предмети (освен за краток медицински третман), како и употреба на огрлици без безбедносни механизми кои го ризикуваат здравјето. Исто така, се забранува „инцестно“ размножување, односно парење на животните со нивните потомци.
Строги правила за увоз
Кучињата и мачките увезени во ЕУ од трети земји заради продажба ќе мора да бидат чипирани уште пред нивниот влез во Унијата. Сопствениците што патуваат со миленици во ЕУ ќе мора да ги регистрираат во базата најмалку 5 дена пред патувањето.


