
Еден брод потона, по морнарите се трага
Според информациите од бугарските власти, драматичниот инцидент се случил во текот на ноќта, при што цел на руските дронови биле два цивилни трговски брода. Состојбата е критична на две локации вдолж крајбрежјето:
- Инцидентот кај Бјала: Брод регистриран во Одеса, долг 136 метри, бил погоден од три воздушни дрона на околу 28 километри од градот Бјала. Во нападот се повредени петмина морнари од вкупно 15-члениот екипаж (Украинци и Азербејџанци), кои итно се префрлени во болница во Варна. Бродот почнал да се накренува и неконтролирано плута крај ‘ртот Свети Атанасиј.
- Инцидентот кај Крапец: Вториот брод целосно потонал на 17 наутички милји источно од Крапец. Од него засега е спасен само еден член на екипажот, додека судбината на останатите морнари сè уште е непозната.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Радев го извести НАТО и бара одговори од Москва
По итно свиканиот состанок на Советот за безбедност, бугарскиот премиер Румен Радев ги осуди нападите, истакнувајќи дека ова е втор ваков брутален инцидент на црноморското крајбрежје за помалку од две недели.
Бугарскиот државен врв најави дека итно ќе ја повика руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, на разговор. За драматичната ескалација на ситуацијата веќе се известени генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и постојаните претставници на Бугарија во Алијансата и Европската Унија.
„Уште еден софистициран напад врз цивилни трговски бродови во непосредна близина на бугарските територијални води е апсолутно неприфатлив“, дециден беше премиерот Радев.


