во

Кина започна координирано тестирање на новата 6G технологија во осум региони

Кина започна координирани пилот-програми за тестирање на 6G технологијата во осум региони со цел да го забрза нејзиниот развој, индустриската примена и комерцијализацијата во клучен момент за воспоставување стандарди за мобилни комуникации од новата генерација!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Во вторник Кина официјално започна координирани пилот-програми за тестирање на 6G технологијата во осум региони низ земјата. Целта на овој чекор е да се забрза развојот, индустриската примена и комерцијализацијата на оваа напредна технологија во, како што се оценува, клучен момент за воспоставување на стандардите за мобилни комуникации од новата генерација, објави весникот „Глобал тајмс“, повикувајќи се на Хина.

Пилот-проекти во осум клучни кинески региони

Програмата беше официјално објавена од страна на Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина за време на Конференцијата за развој на 6G технологијата што се одржа во Шангај.

Како дел од оваа иницијатива, планирани се координирани пилот-проекти во осум региони: Пекинг, Шангај, Хебеј, Џангсу, Џеџијанг, Анхуи, Хубеи и Гуангдонг, пренесе „Глобал тајмс“, повикувајќи се на извештај од кинескиот државен радиодифузер CCTV.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Одлуката е донесена: Од 1 декември поскапува парното во Скопје, просечната сметка повисока за 188 денари