
„Порше“ е сон на многумина, но за една специфична група криминалци, фокусот е исклучиво на фаровите, а причината е повеќе од бизарна.
Гласините и полициските извештаи ширум Европа сугерираат дека крадците масовно ги крадат моќните ксенонски HID ламби од постарите модели на „Порше“ (како „Кајен“ и „Панамера“) за да ги користат за одгледување канабис. Овие светилки наводно даваат идеален сооднос на светлина и топлина за растенијата, а истовремено се енергетски ефикасни, што им помага на илегалните одгледувачи да заштедат струја и да не бидат забележани.
Штетата е поголема од самата кражба
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Она што најмногу ги боли сопствениците е бруталниот начин на кражба. Сликите кои кружат низ Европа покажуваат дека крадците не само што ги вадат фаровите, туку буквално ја уништуваат каросеријата околу нив, отворајќи го автомобилот „како конзерва“ за да ја завршат работата за помалку од една минута.
Кои модели се најзагрозени?

Овој тренд првенствено се однесува на возила стари околу 10 години кои користат ксенонска технологија. Сепак, ниту новите модели не се целосно безбедни – неодамна сопственик на „Тајкан“ осамна без своите ЛЕД фарови вредни 10.000 евра, иако тие не се погодни за одгледување марихуана, туку се крадат за препродажба.


