
Американскиот мировен предлог за завршување на војната во Украина е драстично скратен – од првичните 28 на 19 точки, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори од преговорите.
Иако не е прецизирано кои точно елементи се отстранети, американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите во Женева изјави дека е постигнат „огромен напредок“. Ова кратење доаѓа откако европските лидери изразија загриженост за делови од планот, особено оние поврзани со санкциите против Москва и замрзнатите руски средства, тврдејќи дека тоа се одлуки што треба да ги донесе ЕУ.
Трамп и Зеленски го имаат последниот збор
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Лидерите на ЕУ во понеделникот разговараа за напредокот постигнат во Женева. Сепак, како што нагласи Рубио, конечниот текст на договорот ќе мора да биде одобрен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и претседателот на САД, Доналд Трамп, пред официјално да биде испратен до Москва.


