во ,

КУРДИТЕ ВО СИРИЈА ДОБИВААТ ДРЖАВЈАНСТВО И ПРАВО НА МАЈЧИН ЈАЗИК: Ал Шара издаде историски декрет

Ал Шара издаде историски декрет

ДАМАСК – Претседателот на Сирија, Ахмед ал Шара издаде декрет со кој на Курдите им се враќа државјанството и официјално се признава нивниот јазик. Првпат курдскиот индентитет е признат како дел од сириското општество, а курдскиот јазик е прогласен за национален јазик заедно со арапскиот.

Признавањето по жестоките судири во Алепо

Супер Попуст -25%

Признавањето на Курдите уследи по минатонеделните жестоки судири помеѓу владините сили и курдските Сириски демократски сили (СДФ) во Алепо, при што загинаа најмалку 23 лица, а повеќе од 150.000 луѓе го напуштија градот.

Преговори за интеграција во државните институции

Сириската Влада и СДФ, кои го контролираат североисточниот дел на земјата, минатата година повеќе месеци преговараа за интеграција на курдските воени и цивилни тела во сириските државни институции до крајот на 2025 година, но постигнаа мал напредок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА ЕУ И ЈУЖНА АМЕРИКА: По 25 години преговори, Кошта и фон дер Лајен го потпишуваат договорот со Меркосур

ФИНАНСИСКА ИСТРАГА: 20 осомничени го оштетиле буџетот за 4,8 милиони евра – вработени во УЈП и српски државјанин